Вчера во 08.55 часот во ОВР Гостивар било
пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово се
случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило
„фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки,
управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило
,,Шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано
од Ј.А.(57) од Тетово.
По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила
биле пренесени во Ургентен Центар во Гостивар, каде
било констатирано дека кај двајцата возачи и
сопатникот од патничкото возило „голф“, Ј.Л. биле
констатирани тешки телесни повреди, додека кај
сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани Телесни
повреди. По овластување на јавен обвинител, увид на
местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.