Вчера во 10.40 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ознаки, Л.Ј.(62) од с.Отошница, општина Ранковце, констатирани во Општа болница Гевгелија, додека две сопатнички од другото возило, С.А.(50) и малолетничка, двете од Република Србија се здобиле со телесни повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.