Шесет и седумгодишен стружанец е пронајден мртов во својот дом во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека случајот во струшката полиција бил пријавен вчера во 13 часот и 30 минути.

При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека во собата каде бил пронајден А.К. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории, појасни Димоски.

Лекар од Брзата помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.