При интервенцијата за гаснење на запалена сува трева и ниска деградирана шума во атарот на село Зубово, еден пожарникар, припадник на ТППЕ Струмица, е повреден, односно му е скршено едно ребро, соопштија струмичките пожарникари.

По извршените лекарски прегледи му е дадена соодветна терапија и е испратен на домашно лекување, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.

Во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари имале осум интервенции на запалена сува трева, стрниште, ниска шума, депонии и автомобил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.