Во близина на Беровското Езеро изгорел автомобил марка „„фолксваген пасат“.

На 01.01.2022 во СВР Штип е пријавено дека на Беровското Езеро, кај поранешен угостителски објект, околу 13.55 часот дошло до самозапалување на патничко возило „фолксваген пасат“, со струмички регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(22) од с.Градошорци. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Берово – информираат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.