Во синоќешната страотна сообраќајна несреќа во скопската населба Бутел загина пешак при судир на два автомобили на крстосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска ударна бригада“.

-Во 23.25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Словенечка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото „мерцедес“ удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје, соопшти МВР.

Тешко повреденото момче било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. Смртта била констатирана од лекар во Ургентниот центар.

Во видеото од безбедносните камери кое го објави Алсат се гледа како настрада младиот скопјанец додека стои на пешачкиот остров на крстосницата, кога пред него се судираат двете возила.

Во страшната соображајка со тешки повреди се здобиле и возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје како и возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“.

Увид извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На бул.„Mакедонско косовска бригада” во Скопје, околу 19 часот истиот ден, патничко возило „фиат пунто” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(24) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.