Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ денеска го лишиле од слобода Џ.И.(42) од село Кованец, Гевгелиско.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум стебла со висина од околу два метри и едно исушено стебло канабис сатива, три пушки, патрони, муниција, една мини импровизирана лабораторија и дигитална вага.

Џ.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.