На граничниот премин „Јажинце“, на 17 јуни во 18:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(30) од Србија затоа што, според пријавеното, околу 07:30 часот во угостителски објект во Тетово му одзел пари, накит и лични предмети на С.С.(39) од Турција со кого се познавале од претходно и избегал од местото на настанот.

Како што информираат од МВР, кај лицето се пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека се предмет на кривично дело.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.