Ноќеска во 02.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски просветители“ во Охрид,  градежни работници поставувале бетонска плоча на станбен објект во изградба.

При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, ги затекнале В.К.(40) од Ресен и А.Л.(21) и Т.Д.(25), двајцата од Охрид, вработени во градежна фирма од Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.