На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.

Како што информираат од МВР, тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.