Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ вчера во 21:00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатната станица Смоквица, ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес.

Како што информира МВР, при преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг “ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.