Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје, за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.
Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.