Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа.
Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот.
Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.
Пред извесен период беше запален автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, а претходно уште три возила на вработени од затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.