Спасувачка акција за лице со скршена нога при пешачење на патека на Водно е спроведена доцна попладне, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Итна медицинска помош, а до повредениот стасале пешки заради оддалеченоста на местото на несреќата од патот.
-На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на Итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, информираат од ЦУК и додаваат дека во 17 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР и по што се преземени активности за транспорт до болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.