Министерството за внатрешни работи добива информација откако ракометарот Даниел Тот се наоѓа на Клиничкиот центар, а претходно нема никаква пријава за нарушен јавен ред и мир пред објектот во Градскиот парк, појасни вечерва Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостување на телевизија „Телма“, зборувајќи за убиството на ракометарот Даниел Тот, појасни дека пријавата во Брзата помош е утрото во 3 и 30  часот од вработена во објекткот, додека во МВР пријавуваат од Клинички во 4 и 11 минути дека е примено лице, пронајдено во бесознание на јавна површина, и дека од тој момент се вклучува екипа од МВР и започнуваат активности и дејствија за расчистување на случајот.

– Во ниту еден момент не е застанато со истрагата и покрај тоа што од Клиничкот центар е укажано дека нема видливи траги на наилство, колегите од МВР продолжуваат со прибирање на докази и ние практично во рок од 24 часа го откриваме целиот случај и обезбедени се сите материјали, меѓу кои и од камерите на „Сејф сити“ и се предадени на ОЈО, изјави Спасовски.

Снимката што ја виде јавноста, Спасовски појасни дека е од сосема друг агол, додека сите снимки се извадени и од објектот и од „Сејф сити“ и се предадени на ОЈО. Од нив, според Спасовски, може да се види кој се учествува во настанот.

– Постојат очевидци и сведоци кои се повикани на разговор и се земени изјави. Секако ќе се прави вештачење на облеката и предметите на сега починатиот, како и таа на сега осомничените и сите тие ќе бидат дел од доказниот материјал на предметот, изјави Спасовски.

Прашан дали ќе се бара одговорност и од сведоците, кои како што може да се види од снимката, не преземале ништо и не го пријавиле случајот, Спасовски рече дека секој еден што има каква било одговорност ќе биде санкциониран, како и дека ќе се ценат сите аспекти преку ЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.