Според исказите добиени од осомничените за грабнувањето, тие уште од вечерта знаеле дека Вања следниот ден сама ќе оди на училиште и во кое време. Наводно, избеганиот им кажал дека инфото го знаел од таткото на девојчето.
Таа била грабната со врзани раце и нозе од влезот на зградата, била ставена во вреќа за спиење и ставена во багажникот на цитроенот. Пред тоа возило било уште едно возило рено кангу, кое исто така учествува во дејствието – објасни министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Потоа, според исказите на осомничените, излегле надвор од Скопје, каде е извршено убиството и запалено возилото. Полицијата поседува докази од која бензиска и кој го купил пензинот со кој е запален ситроенот.
Таткото засега негира, но уште се собираат докази и уште се разговара со инволвираните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.