Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!, вели Стоилковски и додава:

„Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ?

Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт! Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш!“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.