Во четвртокот во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49).
Како што соопшти МВР, тие на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37).
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од скопската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.