Педесет и петгодишен маж загина, а 28-годишна жена е повредена вчера, кога автомобилот со кој патувале излетал од коловозот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, информира МВР.

Како што се наведува во полициското соопштение, несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец С.Д.Г., излетало од коловозот.

– Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г. (28) од Скопје, на која и е укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на загинатиот е дадено на обдукција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.