Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Скопје, во тетовски Групчин, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „фолксфаген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од скопско Бојане, „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Ј.Ј.(58) од тетовско Ларце и „опел“, исто така, со тетовски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(35) од тетовски Лисец.
Во несреќата, сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од Лисец се здобила со тешки телесни повреди, а возачот на опелот и сопатничката од возилото „мерцедес“, Ф.Ц.(49) со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.