Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Дебар – Маврово кај Бошков мост, од 15.30 сообраќајот е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ информира и дека од 15.05 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кој претходно беше во прекин поради густ чад од пожар.

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

-На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.