На граничниот премин Прешево, српските царински службеници спречиле обид на двајца патници да прошверцуваат златен накит вреден околу 19 илјади евра во памперс пелени.
Прекршокот бил откриен кога на влезот на граничниот премин автомобил „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, во кој на правец од Македонија кон Швајцарија се возел млад брачен пар, бил издвоен на детален преглед.
Иако рекле дека немаат што да пријават, царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување пелени „Памперс“.
Нвообичаено тешкиот пакет предизвикал сомнеж дека нешто се крие во него, што набрзо се покажало дека е вистина, бидејќи во неколку пелени биле пронајдени речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени, пишуваат српските медиуми.
Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судска одлука, покрај златото, трајно е одземено и возилото проценето на околу 8.500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.