Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил едно кривично дело разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоците.
Осомничениот, на 15 мај, ставил маска на лицето и влегол во финансиско друштво на улицата „3-та Македонска ударна бригада“ во Куманово.
Од појасот извадил нож и со започнал да се заканува на вработена во подружницата дека ќе ја нападне доколку не му даде пари. Исплашена за сопствениот живот, оштетената му кажала дека парите се наоѓаат во фиоката, па осомничениот ја отворил фиоката и одзел 13.740 денари и една службена банкарска картичка. Веднаш потоа го напуштил објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.