На 07.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците А.Ц.(23) и Ј.Ц.(25), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети.
А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.