МВР почна нова превентивна активност на подрачјето на СВР Тетово.

Денеска (21.04.2022) Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово стартуваше со пилот-активност, чија цел е превентивно да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива.

 

Станува збор за мобилна макета на полицаец со радар, која неколку часа беше поставена на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуства, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно.

 

Инаку, планирано е да се обезбедат уште неколку вакви мобилни картонски макети, кои би биле ставени во функција, особено во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фреквенција на поширокото тетовско подрачје. Макетите, како што веќе споменавме, се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта – наведуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.