Вчеравечер во 20.05 часот во с.Требош, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Н.М.(72) и Б.М.(52), двајцата од с.Требош, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.00 часот на нива на излез од с.Требош кон с.Палатица, тетовско, со ловечка пушка се заканувале на И.Ј.(31) од с.Палатица.

Од Н.М. била одземена пушката, по што двајцата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.