Четири лица од тетовското село Пирок се приведени во Охрид на булеварот „Македонски просветители“ откако кај нив е пронајдена дрога.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера се приведени Х.Ќ.(26), Љ.А.(23), М.П.(23) и С.У.(23). При контрола на возилото „ауди“ во кое се превезувале, пронајдени се кеса со кокаин и марихуана.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.