Во текот на минатата седмица царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, облека, моторни
возила и друго.

Како што денеска соопштија од Церинската управа, спречен е обид за криумчарење 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia и пет штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката Sobranie, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон.

По пријава од аеродромската служба за безбедност дека патникот има тежок багаж, царинските службеници извршиле детален преглед на неговиот куфер при што биле пронајдени непријавените цигари. Цигарите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка, соопштија од Царина.

Царинската управа поднела кривична пријава за криумчарење 52 свечени фустани, откриени при контрола на косовски автомобил управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.

Возачот првично не застанало на царинска контрола, но по реакција на царинските службеници бил вратен назад, по што бил извршен детален преглед. Притоа во три вреќи смесени зад задните седишта и две кеси сместени под совозачкото седиште, биле пронајдени непријавените фустани кои се привремено задржани, се додава во соопштението.

Меѓу другото биле откриени и 350 маици со кратки ракави, откриени од страна на мобилните царински тимови со скенер, при контрола на косовски автомобил, управуван од турски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, за кои возачот изјавил дека се набавени во Турција, но не поседувал никаков документ за истите, биле пронајдени во патна торба и повеќе пластични кеси сместени на задното седиште и во багажниот простор. Маиците се привремено биле задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Патничко возило марка Ford Fiesta 1.4 TD со словачки регистарски таблички, со кое македонски државјанин без регулиран престој во странство, се пријавил за влез во 2/2 државата на граничниот премин Јажинце. Поради тоа што сопственикот на возилото, словачки државјанин, не бил присутен во возилото, возачот направил царински прекршок, односно се однесувал како возилото да е пуштено во слободен промет. Возилото е привремено задржано, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Откриени се и 9 употребувани моторни возила (четирицикли, моторцикли и скутери), 4 електрични инвалидски колички, 42 употребувани звучници, 21 употребувани гуми, 1 употребуван фрижидер, 1 употребувана надворешна единица за климатизер, 35 употребувани метални држачи и 1 гумен базен, со вкупна вредност од околу 2,3 милиони денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Производите, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани а против увозникот, физичко лице од Скопје, ќе биде поведена соодветна постапка, соопштија од Царина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.