Денеска полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

(фото: МВР)
(фото: МВР)
(фото: МВР)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.