Прегазена скопјанка која управувала со електричен тротинет, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден во 07.45 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Партизански одреди“ со бул.“Св.Климент Охридски“ патничко моторно возило “алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Скопје, удрило во електричен тротинет “топлајф“, управуван од С.Н.(40) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во болницата “Систина”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, стои во полицискиот билтен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.