Скопјанка вчера украла златен предмет од златарница во Старата чаршија, a златарот ја фатил и ја истепал, по што таа го пријавила, соопшти полицијата.

„На подрачјето на Бит Пазар-Скопје, вчера во 13.40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје. Таа се сомничи дека претходно од златарница одзела златен предмет. Р.А. пријавила дека околу 13.00 часот во златарницата продавачот Н.А.(60) од Скопје ја нападнал физички.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.