На 28.02.2023 во 13.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.О.(28) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување“, казниво по член 240 од Кривичниот законик.
При преглед во нејзиното возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени лекови во вид на ампули кои ѝ биле доверени и за кои била задолжена на Клиниката каде што била вработена. Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.