Полицијата извести дека вчера во 16.20 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници го уапсиле Т.Т.(62) од Скопје поради тоа што во домот со пиштол и упатувал закани на неговата 63-годишна сестра.

Од него бил одземен пиштол „Црвена Застава м-70“, една рамка за пиштол со осум куршуми и дозвола за поседување на оружје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.