Ноќта сабота кон недела во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1732“ во Скопје (уличката од „Маракана“ кон „Хавана“), патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(40) од Скопје удрило во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.