Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен скопјанец осомничен за обид за тешка кражба согласно член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ОЈО, на 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, Скопско, скопјанецот провалил во издвоен објект на Армијата на Република Македонија, од каде се обидел да одземе туѓи предмети од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои.
Со клешта за арматура ја исекол жичeната ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот Дренов Дол во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник кој го затекнал.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.