На 07.07.2023 во 13.33 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на ул.,,Тодосија Паунов“ во Кочани, товарно возило ,,форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(32) од с.Три чешми, штипско, удрило во пешакот В.Ш.(69) од Кочани и го напуштило местото, но подоцна Ј.К. е пронајден и лишен од слобода.

Во несреќата пешакот В.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, велат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.