Вчера во 23:15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода И. И. (47) од Скопје, затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата 45-годишна сопруга и нејзината мајка.

Тој бил задржан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот од Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.