Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
По добиена пријава на 15.09.2024 дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава, соопшти денеска МВР.
Додаваат дека од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање.
На 15.09.2024 во 20.31 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, пред станот во кој живее на подрачјето на општина Аеродром, Н.Г.(25) од Скопје бил нападнат со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едно од лицата му се заканувало со пиштол. Н.Г. бил пренесен во приватна болница за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.