На 12.09 во 21.00 часот во СВР Скопје, С.Н.(44) од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице.

Подоцна, во 03.00 часот во СВР Скопје, С.Н., исто така, пријавил дека околу 22.30 часот, додека бил со неговиот брат Б.Н. и пријателот Т.Н. и чекал пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, биле физички нападнати од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.