Уапсен е скопјанец кој се обидел да измами полицајци ппокажувајќи им лажна службена легитимација.

Полициски службеници вчера попладне кај клучката Мирковци, го привеле И.И.(32) од Скопје, кој управувал патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при легитимирање лажно се претставил, покажувајќи службена легитимација без име и презиме, за која било утврдено дека не е негова, а појаснил дека ја нашол во смет – соопштија од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од полициска станица Чаир за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.