На граничен премин Табановце, полициски службеници изутринава го привеле Ф.Ј.(43) од Скопје, кој се барал за издржување мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.