Владеењето на Оливер Спасовски ќе биде запаметено со над 50 скандали.За време на министерувањето се случени огромни скандали, од кражби, убиства, милионски тендери до пасоши на светски криминалци за кои немаше разврска, а ниту одговорност.
– Како дел од скандалите се убиството на Мартин Јанушев кое никогаш немаше разврска, понатаму полициски службеник кој беше нападнат од возило на пајак служба, па двојно убиство на Рузвелтова, автобуската несреќа Дурмо турс, сообраќајка со обезбедување на Спасовски, 20 милионски тендери за набавка на патни исправи, набавка на возила на МВР поврзано со братучедот на Спасовски, фотографии на Спасовски со нарко босови и криминалци, фијаско на Спасовски во акцијата Планина, аферата Мафија издавање на пасоши на криминалци една од најфамозните лица барани од Интерпол добиле македонски пасош, командир од Прилеп уапсен со дрога, немање одговорност на Спасовски за Беса транс, исчезнато оружје од депо на МВР, кражба на масло од канабис-наброи Рашела Мизрахи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.