Полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, на улицата „Лисец“ во Скопје, го лишиле од слобода С.М.(27) од Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден на затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 (силување) и член 236 (тешка кражба) од Кривичниот законик, а бил баран со централна потерница а доиздржување на шест години и два месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.