СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И. (26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавената, вработена како благајник во АД „Водостопанство“, подружница „Струмичко поле“ – Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД „Водостопанство“ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари, доверени од директорот на претпријатието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.