Другар го уби својот другар! Ова е епилогот од синоќешното убиство што се случи во центарот на Прилеп во непосредна близина на деветтокатницата. Убиеното 15-годишно момче од Сенокос со повеќе убоди од нож го убил негов другар и тоа момче на 15 години од истото село – пишува во најновата колумна новинарот Зоран Момироски за синоќешниот грозоморен чин после кој никој не остана рамнодушен.
И е приведено во полиција. Се работи на причините за претходната нивна расправија која заврши со фатален крај. Јавно преку фб родителите на убиеното момче изразуваат голема тага. И се простуваат од нивното дете. А кај граѓаните остануваат реакциите со прашањето: ДАЛИ ПРИЛЕП Е БЕЗБЕДЕН ГРАД?!? И ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЛУЃЕТО КОИ ОСТАНАЛЕ И ЖИВЕАТ ВО ОВАА СРЕДИНА?
Прагот на толеранција е на најниско можно ниво. Состојбите во семејствата се одразуваат и на улица. Секој ден сме сведоци на тепачки со тешки, а сега и смртни последици. Насилствата во семејството зачестија и кулиминраат. Се ,,крева рака,, и на полицајци.
Под закана се обвинители. Дедо извршил сексуално вознемирување врз внука. Жени тепаат мажи. А мажи жени. Некој велат: Ова го има насекаде!!! Да го има во повеќе милионски држави. А не во ,,педа,,држава. Каде секој знае за секого. Каде секој живее со секого. И каде секој мрази секого – пишува Момироски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.