Вчера во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишиле од слобода Г.Д.(43) од Скопје и Д.К.И.(40) од Република Бугарија.

Како што соопшти МВР, тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал.

При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност.

За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.