Во штипскиот регион и денеска пожарникатите интервенирале на три пожари. Од Регионалниот ЦУК- Штип информираат  дека е пријавен пожар кај месноста „Мирјанина Црква”. На терен излегле со  едно возило и тројца пожарникари. Пожарот е локализиран во 15:40 часот. Зафатена била од оган сува трева.

Втората интервенција е од 15:00 часот, во близина на фабриката Мебел, каде што вчера изгореа стари барики и пелевина, а пелевината тлее и има чад. Во соопштението на ЦУК се вели дека на терен излегле тројца пожарникари со едно возило.

– Вратени се во ТППЕ- Штип во 16:10. Во 17:00 часот сопствениците на објектот ке ангажираат багер, за да ја открие пелевината која е зафатена.Од пожарната сме известени дека таму тлее пелевината и само дими. Колку и да се истури вода нема да престане да тлее додека багер не ја открие пелевината и да се изгасне ,„тивкиот” пожар, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Третата интервенција е од 15:45 часот кај Живинарска фарма во Штип, каде  е пријавен пожар на сува трева. На терен излегле двајца  пожарникари со едно возило . Пожарот е локализиран во 16:20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.