На 25.03.2022 околу 20:00 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.И. од Штип, затоа што се однесувал агресивно и со остар предмет се обидел да ги нападне додека извршувале службени дејствија.

Тој претходно со остар предмет се заканувал и на Т.Т.(36) од Штип.

М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.