Утрово во 04.35 часот било пријавено дека во Скопје нa улицата Беласица, пред крстосницата со булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.