На 19.06.2024 година, во 00.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(29) од с.Бозовце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.06.2024 година во 14.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Тетово затоа што кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.06.2024 година, во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(23) од с.Синѓелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.06.2024 година во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар , полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.06.2024 година во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.06.2024 година во 17.20 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода З.А.(64) од Скопје затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидира на стоп листата по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

На 18.06.2024 година во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(34) од Република Албанија затоа што при гранична проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.